Француската претстава „Не ме чекај“ освои Гран-при на третото издание на фествалот „Игор Маџиров“

Претставата е неверојатно патување што нѐ води низ исклучително иновативни и богати визуелни решенија преку симпатични и духовити ликови, низ распон на емоции, а најважното е универзалната и секогаш актуелната порака: „Домот е онаму каде што си ти, домот е секогаш во тебе

Претставата „Не ме чекај“ на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант, Франција, го освои Гран прито на 3. Интернационален фестивал на детски театар „Игор Маџиров“.

Фестивалот заврши вчера вечер со доделување на наградите.

Жирито во состав Рената Карола Гатика од Хрватска, претседател, Ана Левајковиќ Бошков, актерка и Биљана Крајчевска, драматург, за одлуката за избор на претставата изјавија

,,Претставата е неверојатно патување што нѐ води низ исклучително иновативни и богати визуелни решенија преку симпатични и духовити ликови, низ распон на емоции, а најважното е универзалната и секогаш актуелната порака: „Домот е онаму каде што си ти, домот е секогаш во тебе“.

Најдобра претстава, според детското жири, пак, е „По трагите на волкот“, во режија на Јакуб Максимов, во изведба на Младинскиот театар од Нови Сад, Србија. Во детското жири членуваа: Неда Блажевска, Тео Манев, Уна Дона Силјановска, Бисера Мојаноска, Теофил Сачкарски, Саша Димитриевска и Ведран Маричиќ.

За оваа претстава, режисерот Максимов ја доби наградата за режија, Каролина Арандија – за костимографија.

Наградата за сценографија му беше доделена на Лусил Регер за „Не ме чекај“.

Жирито додели две награди за актерски остварувања на: Вера Розанова за претставата „Не ме чекај“ на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант- Франција и на актерката Петра Шарац за претставата „О ла ла“ на „Градски куклен театар“ од Риека, Хрватска.

Специјалната награда за колективна актерска игра им беше доделена на „Младинскиот театар“ од Нови Сад – Србија за претставата „По трагите на Волкот“ и на „Краљевскиот театар“ за претставата „Тогаш кога се изгубивме“.

Специјалната награда за музика се додели на композиторката Звездана Новаковиќ и музичката изведба на актерката Маја Куншиќ .

Специјалната награда за најдобар драмски текст се додели на Лоте Фаруп за текстот „Тогаш кога се изгубивме“.

На фестивалот „Игор Маџиров” настапија десет претстави, беа одржани две работилници за деца и млади и се одржа панел дискусија посветена на детскиот театар.

Фестивалот беше поддржан од Министерството за култура и туризам, а под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни