Списокот на спортисти кои се верија за време на Олимписките игри во Париз се зголемува постојано, а последниот е случајот на француската атлетичарка Алис Фино која го запроси своето момче.
Таа го запроси момчето после финалето на трката на 3000 метри за жени разбивајќи ги стереотипите. По завршувањето на трката таа се упати кон трибината барајќи го својот партнер, шпанскиот триатлонец, Бурно Мартинез Барделиј за да го запроси откако претходно Фино го собори европскиот рекорд на трката.
„Си реков дека ќе го запросам ако истрчам под девет минути, а девет е мојот среќен број и заедно сме девет години“ изјави таа.