Франција против климатските промени со укинување на евтините летови

Франција ќе побара поддршка од другите земји од Европската унија за да се утврди минималната цена за летовите во Европа за да се ублажи влијанието на воздухопловниот сектор врз климатските промени, изјави министерот за транспорт Клемент Бон.

Целта на Франција е „да поттикне дискусија за правичната социјална и еколошка цена на авионскиот билет“, објасни Бон.

„Ова не значи дека цените на билетите треба да се помножат со десет. Зошто? Некои луѓе еднаш во животот патуваат со авион, немаат многу пари. (Авионот) е и слобода, превозно средство кое не може да биде резервирано само за богатите“, нагласи францускиот министер.

Официјални претставници на ЕУ за Ројтерс изјавија дека земјите-членки, вклучувајќи ги Холандија и Белгија, во принцип ја поддржуваат идејата. Австрија веќе предложи минимална цена, но се соочи со правни потешкотии при нејзиното спроведување, истакнаа тие.

Извор: euronews.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни