Франција: Пожарот кај Марсеј сè уште не е изгаснат, 110 лица полесно повредени, 400 евакуирани

BFM TV утрово објави дека пожарот сè уште не е целосно изгаснат, иако префектурата соопшти дека неговиот интензитет е намален, но сè уште не е ставен под контрола.

Пожарот на југот на Франција, кој во вторникот избувна во близина на Марсеј, во областа Пен-Мирабo, сè уште не е изгаснат. Според министерот за внатрешни работи, Бруно Ретајо, 110 лица се полесно повредени, меѓу кои девет пожарникари и 22 полицајци.

Ретајо, кој синоќа пристигна во Марсеј и се сретна со локалните власти, изјави дека на теренот биле распоредени 800 пожарникари кои цела ноќ се бореле со огнената стихија.

BFM TV утрово објави дека пожарот сè уште не е целосно изгаснат, иако префектурата соопшти дека неговиот интензитет е намален, но сè уште не е ставен под контрола.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни