Франција ја проширува забраната: по основците, мобилни телефони ќе се забранат и во средните училишта

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека забраната за користење мобилни телефони, која веќе важи за основните училишта, многу веројатно ќе биде проширена и на сите средношколци од следната учебна година.

Коментирајќи настан во источна Франција, Макрон рече дека првиот дел од мерката – забраната за најмладите ученици – „функционирал прилично добро“, поради што поддржува воведување и втора фаза, која би ги опфатила учениците на возраст од 15 до 18 години во т.н. lycée.

Забраната за користење мобилни телефони моментално се однесува на основците и учениците во collège, но не и на повисоките години во средните училишта. Согласно актуелното законодавство, ваквата политика би можела да бара и нов закон, затоа што постојниот – изгласан во 2018 година – ги опфаќа само предучилишните установи, градинките, основното образование и пониските средношколски разреди.

Макрон потврди дека министерот за образование Едуар Џефре веќе ја разгледува можноста за формално проширување на забраната. Иако претседателот има ограничено влијание врз домашната политика по загубата на парламентарното мнозинство во 2024 година, тој последниве недели интензивно се обидува да ја зајакне својата политичка позиција преку низа јавни настапи посветени на теми поврзани со социјалните мрежи и дигиталното однесување кај младите.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни