Франција излегува од НАТО?

Во Франција е поднесен историски парламентарен предлог за повлекување од НАТО, поради растечки сомнежи за улогата на САД и европската безбедносна политика.

Во Франција за првпат е поднесен парламентарен предлог кој повикува на повлекување на земјата од НАТО. Иницијативата ја покрена потпретседателката на Народното собрание и членка на левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), Клеманс Гете.

Резолуцијата бара прекин со западниот воен сојуз и доаѓа во време на растечки сомнежи за улогата на САД и правецот на европската безбедносна политика, пренесува „Берлинер Цајтунг“.

Гете истакна дека политиката на САД, вклучувајќи ја „нелегалната киднапирање на претседателот на Венецуела (Николас Мадуро)“, заканите кон Гренланд, санкциите кон европските функционери и наметнувањето трговски договори – покажува дека САД „ефективно ѝ доделуваат на ЕУ статус на вазална држава“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни