Франција го гради најголемиот европски воен брод

Франција започнува со изградба на нов носач на авиони на нуклеарен погон, проект вреден околу 10 милијарди евра, кој ќе стане најголемиот воен брод што некогаш бил изграден во Европа.

И покрај притисоците врз државниот буџет, претседателот Емануел Макрон останува цврст во намерата овој брод да го замени постојниот носач Charles de Gaulle, кој е во служба од 2001 година.

Новиот носач, познат како PA-NG (Porte-Avions Nouvelle Génération), ќе биде долг 310 метри и ќе има депласман од 78.000 тони – речиси двојно повеќе од сегашниот француски носач. Со капацитет за околу 2.000 членови на екипажот, PA-NG ќе биде најголемиот европски воен брод досега и јасен сигнал дека Париз не верува во крајот на ерата на носачите на авиони.

Дел од глобалната трка за носачи

Одлуката на Франција се вклопува во поширок светски тренд на зголемување и модернизација на флотите. Најголемиот носач на авиони во светот, американскиот USS Gerald R. Ford, има депласман од околу 100.000 тони и должина од 333 метри. Во меѓувреме, Кина го претстави својот нов носач Fujian, а и Турција најави проект за сопствен носач, MUGEM, по иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Технолошки исчекор

PA-NG ќе донесе значајни технолошки подобрувања. Ќе биде опремен со електромагнетен систем за катапултирање на авиони (EMALS) и современ систем за сопирање при слетување, технологија што Франција ја набавува од америкнската компанија General Atomics. Ова ќе овозможи истовремено полетување и слетување на авиони, клучна предност во однос на сегашниот „Charles de Gaulle“, но и во однос на некои понови странски носачи.

Срцето на бродот ќе го сочинуваат два нуклеарни реактори од типот K22, развиени од француската компанија TechniAtome, секој со моќност поголема од 220 мегавати. Со тоа, Франција ја зацврстува својата водечка позиција во поморската нуклеарна технологија.

„Доказ за моќта на нашата земја“

При неодамнешна посета на француските сили во Абу Даби, Макрон истакна дека Франција морада биде силна, особено на море. „Овој нов носач ќе биде доказ за моќта на нашата земја, на нашата индустрија и технологија, моќ во служба на слободата на отвореното море“, порача тој.

Во проектот ќе бидат вклучени повеќе од 800 добавувачи, а пуштањето на PA-NG во оперативна употреба е планирано за 2038 година. Бродот ќе располага со летна палуба од 17.200 квадратни метри и ќе може да носи околу 30 борбени авиони, вклучувајќи ги и француските „Рафал“, беспилотни летала, како и можниот иден ловец од европскиот проект FCAS.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни