Пожарот на југот на Франција, кој во вторникот избувна во близина на Марсеј, во областа Пен-Мирабo, сè уште не е изгаснат. Според министерот за внатрешни работи, Бруно Ретајо, 110 лица се полесно повредени, меѓу кои девет пожарникари и 22 полицајци.
Ретајо, кој синоќа пристигна во Марсеј и се сретна со локалните власти, изјави дека на теренот биле распоредени 800 пожарникари кои цела ноќ се бореле со огнената стихија.
BFM TV утрово објави дека пожарот сè уште не е целосно изгаснат, иако префектурата соопшти дека неговиот интензитет е намален, но сè уште не е ставен под контрола.