Франција поради пренатрупаност на своите капацитети размислува за изнајмување затвори во Источна Европа

Во Франција на 1 мај регистрирани се 83.681 затвореници, што е рекорден број дури и за француските преполни затвори, покажуваат најновите податоци на Министерството за правда.

На 1 мај, француските затвори имале вкупно 62.570 места, а пренатрупаноста го надминала нивниот капацитет за една третина, што е највисок досега, а една година претходно, на 1 мај 2024 година, капацитетот бил надминат за една четвртина.

Во Франција за една година бројот на затвореници е зголемен за 6.000 лица, а 25.000 за пет години. Поради пренатрупаноста на затворите 5.234 затвореници спијат на под.

Бројот на осуденици во 23 француски затвори на 1 мај бил поголем за 200 отсто од нивниот предвиден капацитет.

Неодамна францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се разгледува можноста за изнајмување на затворски места во други држави, посебно во Источна Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни