Франција го менува курсот: Признавање на Палестина – кои земји веќе го направија тоа?

Што значи признавањето на Палестина од Франција? Еве кои ЕУ земји веќе имаат дипломатски односи со Палестинците.

Францускиот претседател Емануел Макрон на 24 јули објави на социјалната мрежа X дека Франција ќе ја признае државата Палестина на Генералното собрание на ОН во септември.

Тој објави писмо до палестинскиот претседател Махмуд Абас и порака:

„Французите сакаат мир на Блискиот Исток. На нас, Французите, заедно со Израелците, Палестинците и меѓународната заедница, ни е да покажеме дека тоа е возможно.“

Со ова, Франција ќе стане првата земја од Г7 и прв постојан член на Советот за безбедност на ОН
која ја признава Палестина, приклучувајќи се на 147 членки на ОН што веќе го направиле тоа.

Признавањето ја вклучува сувереноста на Палестина во границите пред 1967 година, односно:
Западниот Брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим, како и воспоставување целосни дипломатски односи со Палестина.

Кои 10 земји од ЕУ веќе ја признаа Палестина?

  1. Бугарија (1988)
  2. Кипар (1988)
  3. Унгарија (1988)
  4. Полска (1988)
  5. Романија (1988)
  6. Словачка (1993, по распадот на Чехословачка)
  7. Шведска (2014)
  8. Шпанија (28 мај 2024)
  9. Ирска (28 мај 2024)
  10. Словенија (4 јуни 2024)

Чехословачка ја призна Палестина во 1988, но по распадот Словачка го потврди признанието, а Чешка не ја признава, велејќи дека Палестина не ги исполнува критериумите за државност

Што значи признанието од Франција?

Пред се, историски чекор. таа е прва Г7 земја што го прави тоа, а потоа и силен дипломатски сигнал. Исто така тоа е и формализирање на односите со Палестинската самоуправа

Германски и италијански став за Палестина

Германија не планира признание во блиска иднина. Смета дека тоа треба да биде последен чекор во мировниот процес за решение со две држави. За Италија, признавањето без реална палестинска држава би било „контрапродуктивно“, рече премиерката Џорџа Мелони. Белгија ќе одлучува во септември, пред Генералното собрание на ОН, најави министерот за надворешни работи Максим Прево.

Зошто е ова важно за Палестина?

Признавањето на Палестина е дел од визијата за две држави – Израел и Палестина кои живеат една покрај друга во мир. Тоа беше основа на мировните преговори од Осло спогодбите (1993) до 2014 година.

Но Израел веќе не го поддржува решението со две држави. САД, со признавањето на Ерусалим како главен град на Израел во 2017, исто така го оддалечија овој модел

Што е реалноста на теренот?

Израелските населби на Западниот Брег се шират, оневозможувајќи континуирана палестинска држава. Газа е под блокада, со 100% од населението под екстремна несигурност во храна. Симболиката на признанието не се совпаѓа со фактичката ситуација

Реакција од Израел и САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа: „Ова е награда за тероризмот и предавство од блискиот сојузник.“ Американскиот државен секретар Марко Рубио пак изјави: „Оваа непромислена одлука само му служи на Хамас и ги оддалечува мировните напори.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни