Франција ќе финансира по 400 евра за велосипед за да ја заштити природата

Франција продолжува да ги поттикнува алтернативните транспортни средства со доделување еколошки бонуси за нивно купување. Оваа национална помош ќе биде продолжена до 2027 година.

За набавка на нов или половен електричен велосипед еколошкиот бонус ќе изнесува најмногу 400 евра по велосипед, под услов да се исполнат условите за приход.

Кога станува збор за товарен велосипед, електрични приколки за велосипеди или велосипед прилагоден за лица со посебни потреби, максималниот износ ќе биде 2.000 евра, исто така предмет на условот за ресурси. За правните лица ќе можат да добијат парична помош до 1.000 евра.

Дополнително, сумата од 3.000 евра ќе можат да ја добијат и граѓаните кои ќе се решат да го заменат своето моторно возило со нов или користен електричен велосипед. За појаснување, ова е можно доколку некое лице одлучи да го отпише своето старо моторно возило.

Главниот град на Франција особено се издвојува кога станува збор за поттикнување на граѓаните да се префрлат на овој вид транспорт преку изградба на добра велосипедска инфраструктура. Првото место, меѓу сите градови во Франција, го зазеде Париз врз основа на широката мрежа на велосипедски патеки, продавници за велосипеди и опрема за велосипеди, како и речиси две илјади јавни велосипедски станици, каде граѓаните можат да го изнајмат ова возило.

Стимулациите за поеколошки возила не се единствената мерка што Франција ја спроведува за намалување на емисиите. Од 1 јануари оваа земја воведе бројни мерки. Меѓу нив е и Зелениот фонд кој Владата го зајакна со дополнителни финансии. Овие средства ќе се користат, на пример, за проекти за енергетско реновирање на училиштата. Планирано е до 2024 година да се реновираат 2.000 училишта, а во рок од 10 години 40.000.

Извор: energetskiportal.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни