Франција во пламен: Парламентот блокиран, државата на раб на финансиски колапс

Франција е на раб на политички и економски колапс: улични немири, блокиран парламент, масовни штрајкови и предупредувања за можен заем од ММФ. Дали Париз станува „новиот болен човек“ на Европа?
epaselect epa12387107 A man waves a French flag during a demonstration against austerity measures in the upcoming budget in Paris, France, 18 September 2025. French unions have called for a nationwide strike and mass protests against the planned cuts in the government’s draft budget for 2026. EPA/YOAN VALAT

Франција повторно се тресе. По масовниот штрајк што собра стотици илјади демонстранти, притисокот врз претседателот Емануел Макрон расте од сите страни.

Во последните две години, Франција смени пет премиери, што претставува политичка нестабилност невидена од поранешните бурни времиња во Италија.

Блокиран парламент, улици во оган

По одлуката на Макрон да распише вонредни избори во јули 2024, новиот состав на парламентот остана без стабилно мнозинство, неспособен да изгласа буџет или суштински реформи.

Вчерашниот општ штрајк парализираше голем дел од јавниот живот: Штрајкуваше третина од наставниците, затворени беа повеќето аптеки, метро мрежата во Париз делумно не функционираше, ученици блокираа училишта и имаше судири со полицијата и запалени барикади

Огромен јавен долг – Франција на раб на ММФ заем?

Јавниот долг на Франција надмина 3 билиони евра (114% од БДП), а само за камати оваа година државата ќе потроши 67 милијарди евра – повеќе од сите министерства освен образование и одбрана.

Агенцијата Fitch го намали кредитниот рејтинг на Франција, што дополнително го зголемува трошокот за задолжување. Експертите предупредуваат: ако ситуацијата не се стабилизира, Франција може да биде принудена да побара заем од ММФ или поддршка од Европската централна банка.

Новиот премиер Лекорни – последна надеж?

По политичкиот крах на поранешните премиери Мишел Барние и Франсоа Бајру, Макрон го назначи својот близок соработник Себастијен Лекорни (39), кој треба да изнајде компромис меѓу левицата и десницата за донесување буџет до крајот на годината.

Но состојбата е речиси невозможна: Левицата бара повисоки даноци за богатите и повлекување на пензиската реформа. Десниот центар се заканува со соборување на владата ако се зголемат даноци. Бизнис секторот исто така најавува протести ако се зголемат фискалните притисоци

„Макрон ја претвори Франција во урнатини“

Според политичкиот коментатор Никола Баврез, Франција е „парализирана од хаос, немоќ и долг“. Во коментар за Le Figaro тој пишува:

„Макрон е вистинска мета на народниот гнев. Како и сите демагози, ја претвори земјата во поле на урнатини.“

Новинарката Франсоаз Фресоз од Le Monde додава:

„Франција половина век го гасеше незадоволството со огромна јавна потрошувачка. Но тој модел е веќе мртов – и никој не сака да ја плати цената за тоа.“

Каде води ова?

Доколку Лекорни не успее да го донесе буџетот, се очекува нова смена на премиер, па дури и распуштање на парламентот, што може да отвори пат за победа на Марин Ле Пен и радикалната десница.

Иако дел од економистите тврдат дека основите на економијата се стабилни, други предупредуваат дека „ништо не правење“ може да доведе до вистински колапс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни