ФотоСинтеза -изложба на алтернативна фотографија во Мала Станица

Изложбата се реализира во рамки на Зрно – фестивал на алтернативна фотографија, кој оваа година се одржува по четврти пат

На 27 јуни 2025 година, во 20:00 часот, во Мултимедијалниот центар Мала Станица – Скопје, ќе биде отворена изложбата на алтернативни фотографии, со дела избрани на меѓународен јавен повик, избрани од стручно осумчлено меѓународно жири. 

Изложбата се реализира во рамки на Зрно – фестивал на алтернативна фотографија, кој оваа година се одржува по четврти пат, под мотото ФотоСинтеза! и претставува единствена платформа во регионот посветена на некомерцијални, експериментални и авторски фотографски практики.

Фестивалот ги промовира современаите трендови во фотографијата, слободата на визуелниот израз, аналогните процеси, рачно изработените уникатни дела и едукацијата за аналогна фотографија преку работилници, публикации, предавања и изложби. Фестивалот Зрно низ годините донесе долгоочекувана свежина во зачмаениот македонски фотографски простор, ја разбуди и поттикна светската и домашната фотографска сцена.

Избраните дела доаѓаат од автори од повеќе земји од разни кошиња на светот, набиени со креативен авторски израз и ја одразуваат широчината на современите тенденции во областа на алтернативната и експериментална фотографија. Зрно 2025 е делумно поддржан од Министерството за Култура. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни