„Сериозно ми е важна оваа награда, токму поради фактот што кариерата ја започнав токму кај Никола Младенов. Неговиот придонес кон независно новинарство е широко познат во јавноста. Мислам дека се повеќе се чуствува празнината во медиумскиот свет. Ке го цитирам тоа што го изјавив при врачувањето на наградата, а се негови зборови кон мене после добивање на награда за фотографија: “Браво мајсторе, ајде- Остваруваме”- саркастично алудирајќи на политички слоган“, изјави Томислав Георгиев за читателите на Трн.
Со потполно разбирање на контекстот и во согласност со размислувањата на жирито, би рекле дека постои одредена комплексност во перцепцијата околу професијата на фотограф.
„Искрено, сите фотографии, во случајот максималниот број на испратени беше три, се добри. Затоа што сум бил во многу жири комисии, знам дека е стално различен резонот на одлучување. Фотограф како занимање, се смета за егоистична професија, па ќе одговорам соодветно: ‘комплетно се согласувам со жири комисијата’”, изјави Томислав.
Навистина, снимањето фотографии може да изгледа како интимна, индивидуална активност, која на прв поглед може да биде во некој аспект “егоистична”. Сепак, ако се земе во предвид широката јавност за која фотографот креира, како и влијанието на неговите слики врз гледачите, може да се каже дека вистинската вредност на фотографот не е само во изразувањето на сопствените емоции и впечатоците, туку и во можноста да влијае на општеството и да ја менува перцепцијата за различни теми и проблеми. Така, сепак, би можело да се каже дека фотографот, иако делува индивидуално, може да има значаен социјален и културен аспект.