На 27 јуни во петок, во 19 часот, публиката во Скопје ја очекува посебно уметничко доживување: свечено отворање на мултимедијалната изложба „РЕ-КРЕАЦИЈА НА ВИДОТ“: Да ги погледнеме фотографиите со други очи во изложбениот простор на Музејот на град Скопје. На изложбата ќе бидат претставени фотографиите на младите фотографи од Србија, Црна Гора и Северна Македонија, кои беа создадени
во текот на повеќемесечно работење, учење и заедничко истражување на фотографијата и современиот поглед на свет.
На свеченото отворање ќе присуствуваат партнерите и менторите од целиот регион – Славица Христова, кустос од Музејот на град Скопје, Александра Ристовска, фотографка и деканка на Факултетот за визуелни уметности на International Balkan University, Сашо Алушевски, директор на фестивалот ЗРНО од Скопје, Владимир Јовановски, директор на фестивалот Малински од Куманово, Звездан Манчиќ, директор на фестивалот VIZUALIZATOR од Белград и Далибор Шеваљевиќ, директор на фестивалот Tivat Photo Days од Црна Гора.
Изложбата претставува големо финале на пионерскиот регионален проект Out of Frame: Promoting New Perspectives Through Photography, подржан од British Council, а кој во изминатите десет месеци беше воден од Центарот за развој на фотографијата од Белград, со партнерите од Црна Гора – организација Fluid Drum и со подршка на Музејот на град Скопје. Проектот се реализира во рамките на програмата Culture and
Creativity for Western Balkans (CC4WB). Проектот Culture and Creativity for Western Balkans (CC4WB), е финансиран од страна на Европската унија. Преоектот се реализира во рамките на прогамата насочена кон поттикнување на дијалогот на Западен Балкан, преку јакнење на културните и креативните сектори и засилување на социо-економското влијание.
Изложбата во Музејот на град Скопје ја заокружува работата на младите фотографи од Србија, Црна Гора и Северна Македонија, кои во изминатиот месец поминаа низ интензивна менторска работилница, под водство на истакнати автори и педагози.
Работата на младите автори од Северна Македонија за прв пат ќе биде претствена на јавноста, заедно со работата на авторите од регионот. Во центар на вниманието се наоѓаат младите гласови и новите авторски погледи, кои низ објективот проговоруваат за секојдневието, идентитетите и просторот кој ги обликува. Во време во кое вистината се потешко се пронаоѓа меѓу сликите, Al aлатите, младите автори нудат автентичен и личен поглед ослободен од клишеа и конвенции.
Изложбата во Скопје следува по успешните изложби во рамките на београдскиот фестивал VIZUALIZATOR и Tivat Photo Days во Црна Гора. Секако, ова не е крај, туку напротив почеток – преку пионерскиот проект Out of Frame поставени се темелите на нова регионална мрежа на фотографи, ментори и фестивали на фотографија на Западен Балкан, со кои ќе се продолжи развивање на соработка и истакнување на млади автори. Настанот ќе биде збогатен и со претставување на дигитална платформа за млади таленти, со што дополнително се отвараат вратите за размена помеѓу фотографската сцена во регионот.