Сметка од речиси 100.000 евра
Сметката потекнува од ресторанот Nusret-Et во Дубаи и изнесува неверојатни 398.630 дирхами, односно околу 99.000 евра. Меѓу нарачките се наоѓаат:
- 5 обични флаши вода по 59 евра,
- 3 златни бифтеци за над 1.180 евра секој,
- 3 шишиња вино за вкупно 59.000 евра,
- коктели „Pornstar Martini“ од 118 евра по чаша,
- и бакшиш од неверојатни 21.000 евра.
Salt Bae: „Парите доаѓаат, парите си одат“
Гекче ретко коментира за цените, но под фотографијата од сметката едноставно напиша: „Money comes, money goes.“ Познато е дека ја напуштил школата на 12-годишна возраст за да работи како шегрт во месарница и да ѝ помогне на својата сиромашна фамилија.
„Станував во 6 наутро, патував два часа со воз и уште половина час со автобус. Работев цел ден, без слободни денови и без одмор“, изјавил за The Times во 2019 година.
Јавноста бурно реагира
На интернет, многумина го осудија луксузот. „Срамно е ова да се гледа додека милиони луѓе умираат од глад. Замислете да сте толку богати… па да ги потрошите тие пари на преценета храна“, напиша еден корисник.
И покрај критиките, Salt Bae продолжува да го шири својот бренд, со ресторани ширум светот – меѓу кои и оној во Лондон. Но, јавноста и понатаму се прашува: до каде оди луксузот и дали славата вреди повеќе од здравиот разум?