(ФОТО/ВИДЕО) Страшна несреќа во Германија, има мртви и повредени! Судар помеѓу брз воз и шлепер, шините летале на сите страни!

Страшна несреќа се случи во Хамбург, на северот на Германија. Една личност загина, а 25 се повредени во сударот помеѓу брз воз и шлепер. Шест лица се тешко повредени, потврди германската полиција.

Полициските служби побараа помош од автобуси за да ги однесат неповредените патници од местото на несреќата.

Несреќата се случила на железничката пруга, на линијата Хамбург-Харбург и Бухолц (Долна Саксонија). На југот на Хамбург, возот на германските железници налетал на шлепер во вторникот попладне. Во возот имало 291 патник.

И покрај наглото сопирање, возот удрил во камионот.

Според податоците од федералната полиција, повредени се 25 луѓе, меѓу кои и неколку тешко повредени. Маж од Хамбург (55) загинал на лице место за време на несреќата. Пренесено е дека седел во вагон 4 кога се случила несреќата.

Спасувачите се обидувале да го реанимираат на местото на несреќата, но тој починал од внатрешни повреди.

Во возот се наоѓал и ТВ ѕвездата Бернхард Хокер (54). Неговиот менаџмент за “Bild” ја потврдил оваа информација: “Да, тој беше во возот, но е добро”. Овој познат комичар главно патува со јавен превоз. Бил на пат “за неколку состаноци”.

Хокер не сакал да коментира за несреќата. Причината за несреќата се уште не е позната. Таа се случила во хумбуршкиот округ Ренебург. На местото на несреќата има голем број на парчиња, а камионот што бил удрен е тешко оштетен.

Како што пренесува “Hamburger Abendblatt”, сведок изјавил дека шлеперот се обидувал да премине преку железнички премин кога изненадно паднала рампата.

“Hamburger Abendblatt” понатаму известува дека задниот дел на шлеперот бил надвор од шините додека возот се приближувал со голема брзина.

Извештајот вели дека возачот, Романец (34), во последен момент скокнал од кабината за да се спаси. Извештајот вели дека тој бил во шок.

Уништениот шлепер бил возило на производител на шини со седиште во Харбург. Бројни делови на шини што се наоѓале во приколката на шлеперот биле одбиени покрај пругата после ударот. Полицијата побарала помош од автобуси за да ги однесат неповредените патници од местото на несреќата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни