(ФОТО) Рекорден број учесници на 21. Виз Ер Скопски маратон – 14.000 тркачи го преплавија главниот град

Со првите зраци на сонцето над главниот град, утрово започна 21. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кое оваа година бележи рекорден одѕив – повеќе од 14.000 тркачи од 58 земји низ светот.

Улиците на Скопје се исполнети со енергија, боите на стартните броеви и аплаузите на гледачите создадоа вистинска празнична атмосфера.

Трките започнаа пред Собранието, а целта за сите категории е поставена на Плоштад Македонија. На манифестацијата учествуваат маратонци, полумаратонци, штафетни тимови и рекреативци во популарната „Комерцијална банка 5K“ трка.

Временските услови се идеални за трчање – сончево и стабилно време, што дополнително придонесува за одлична атмосфера на најголемиот спортски настан во земјата. Организаторите апелираа до граѓаните на трпение поради привремениот сообраќаен режим, кој ќе трае до 14 часот.

Скопје денес трча со срце – за спорт, енергија и заедништво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни