ФОТО: Прво целосно затемнување на Месечината во новата година

Доцна во четвртокот навечер и рано наутро во петокот, имаше целосно затемнување на Месечината, редок небесен спектакл за време на кој Месечината стана црвена.
Фото: X/@rami_astro

Целосното затемнување на Месечината најдобро е забележано во Јужна и Северна Америка, Западна Европа и Африка, а само делумно во нашиот регион.

Овој феномен се случува околу два пати годишно кога полната Месечина минува директно зад Земјата, низ сенката на нашата планета, станувајќи црвена, поради што е наречена „крвава месечина“.


Неколку дена подоцна, на 29 март, ќе доживееме делумно затемнување на Сонцето кое ќе биде видливо во источна Канада, Европа, северна Русија и северозападна Африка. Месечината тогаш ќе помине помеѓу Сонцето и Земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни