ФОТО: Преспанското езеро исчезнува

Преспанското езеро со години измуира, но ова лето кое е едно од најсушните, дополнително предизвика сериозни штети врз водостојот

Со години Преспанското Езеро незапирливо и неповратно заминува, но ова лето кое беше едно од најсушните во последнава деценија-две, предизвика огромна штета на водниот фонд.

Според пишувањата на Центар.мк езерото е повлечено повеќе десетици метри во период од само неколку месеци.

Граѓаните на овој дел од Македонија алармираат за еколошката катастрофа која следува. Од ова губење на второто најголемо природно езеро во Македонија кое располага со единствениот остров, допрва штета ќе забележи и Охридското Езеро, кое всушност по природен пат се полни со вода од Преспанското.

Иако многу се зборува речиси ништо не се презема за надминување на катастрофата, а факт е дека за евентуално решавање на овој проблем, ќе биде потребна недвосмислена и вистинска помош од меѓународната заедница, особено од ЕУ.

Засега помошта и решенијата се само на хартија, но доколку во најсокро време не се преземе реална, опиплива и видлива, акција, еколошката кастрофа на која сведочиме ќе биде се поголема.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни