Скопските пожарникари се активни на терен во обид да го изгаснат пожарот, но тој се уште не е ставен под контрола. Надлежните, сепак, уверуваат дека нема простор за паника.
Поради густата вегетација во расадникот пожарот се жири брзо, а тоа исто така прави и теренот да е непристапен за пожарникарите. Тие тешко се пробиваат за да пуштаат црева од противпожарните возила.
Од Центарот за управување со кризи уверуваат дека дека нема простор за паника и вознемиреност кај граѓаните и ветуваат дека до вечерва пожарот ќе биде ставен под контрола и изгаснат.