Јапонската Амбасада во земјава оваа година слави 30 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Северна Македонија која беше одбележана со повеќе од 30 културни настани вклучувајќи концерти, работилници, изложби и „Недела на јапонски филм“.
Последен настан од годинешното прославување на пријателството помеѓу двете земји, како што наведуваат во соопштението од Амбасадата е денешното отворање на фото-изложбата „30 години дипломатски односи, Јапонија и Северна Македонија“ која е поставена во East Gate Mall и ќе може да се погледне до 24 декември.
-Преку оваа изложба би сакале да споделиме еден мал дел од 30-годишното пријателство помеѓу нашите земји. Амбасадата на Јапонија би сакала да упати благодарност до сите кои придонесоа со свои фотографии, стои во објавата на фејсбук профилот на Јапонската Амбасада.
Воедно, Амбасадата на Јапонија изразува благодарност до медиумите за интересот за јапонските настани годинава.