ФОТО: Истанбул под снег

Фото: X/@iokanu

Најнаселениот град во Турција, Истанбул се наоѓа под снег, кој продолжува да паѓа и денеска во неколку населби во градот, пишуваат турските медиуми.

Снежните врнежи кои на моменти се интензивираа, особено во северните и повисоките делови, ги зафатија познатите знаменитости на градот кој се простира на два континента.

Бидејќи е викенд, досега не се пријавени поголеми проблеми во сообраќајот.

Иако екипите работат на отстранување на снегот од главните сообраќајници, движењето на возилата е отежнато поради насобирањето снег на споредните улици.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни