(ФОТО и ВИДЕО) Еколошка катастрофа на Вардар, еколошки криминал за кој институциите молчат

„Секојдневно со камиони се истовара ѓубре на овие локации. Вчера снимив каде се истовараат градежни материјали, а веднаш потоа се палат. Ова не е само обична депонија, туку целосно уништување на природата, за што многу пати сум реагирал до институциите, но никој не излезе на терен да провери”, изјави Златко Митрески, кој ја снимил ситуацијата во моментите кога отпадот бил истоваруван и палат. „Сведоци сме на сцени каде отпадот гори и се фрла во реки и простори што треба да бидат заштитени. Ова е една од најголемите кривични дела што можеме да ги направиме кон нашето опкружување“, додава Митрески.

Во последните десетици години, локацијата меѓу реките Вардар и Треска, позната под името „Састав“, каде што се поврзува и актуелната уметничка инсталација “Кој ве е.е” од уметничкиот табор „Kill D River“, го открива најголемиот проблем на Скопје – загадувањето.

Златко Митрески вчера објави фотографии и видео на социјалните мрежи од местото на злосторството каде секојдневно во потег од 100 метри се фрла ѓубре. Тој со иронична нота ја опиша целата ситуација претставувајќи го ѓубриштето како уметничка инсталација.

Уметничкиот табор „Kill D River“ го претставува своето дело на реката Вардар со инсталацијата „Кој ве е.е“, која комбинира железни шипки, стари кујни, најлони и други отпадни материјали, вклучувајќи дрвено столче и гипсена статуа. Сепак, иако се тврди дека оваа инсталација не ја загадува околината, не може да се избега од прашањето: дали навистина е уметност или само уште една форма на загадување?

Проектот, кој ќе биде достапен за разгледување во наредните 500 години, е финансиран од Град Скопје, Општина Сарај и Владата на Република Северна Македонија, а делумно е финансиран и од сопствени средства за столчето.

Денес, можеби не е важно на кое место сме во светот по загаденост, туку на кое место стоиме кога се работи за ментален развој и еколошка свест. Овој проект, што со својата поставка ги претставува нашите вредности и односот кон природата, најдобро покажува дека најголемото загадување е она што го носиме во нашите умови.

„Загадено било, загадени сме ние“ не е само алегорија за физичкиот отпад што ја запишува нашата планета, туку и за состојбата на нашата етичка и еколошка свест. Дали можеме да се ослободиме од овој вид загадување или ќе продолжиме да ги изнесуваме нашите „уметнички“ изрази и кривични дела во нашето општество? На тоа, одговорот треба да го бараме во нашата свест, која е најмоќното оружје во заштитата на планетата.

„Секојдневно со камиони се истовара ѓубре на овие локации. Вчера снимив каде се истовараат градежни материјали, а веднаш потоа се палат. Ова не е само обична депонија, туку целосно уништување на природата, за што многу пати сум реагирал до институциите, но никој не излезе на терен да провери”, изјави Златко Митрески, кој ја снимил ситуацијата во моментите кога отпадот бил истоваруван и палат. „Сведоци сме на сцени каде отпадот гори и се фрла во реки и простори што треба да бидат заштитени. Ова е една од најголемите кривични дела што можеме да ги направиме кон нашето опкружување“, додава Митрески.

Дополнително, само на пет метри од ова ѓубриште се наоѓаат оранжерии со зеленчук, чиј плод завршува на пазарите низ Скопје. Во исто време, ние купуваме производи од овие места и со тоа, не само што сме изложени на загадувањето на околината, туку и на потенцијално опасни здравствени ризици. Како што истакнува Златко Митрески: „Не знам дали сме свесни за тоа, но треба да се запрашаме што јадеме и дали ова е она што сакаме да го пренесеме на нашите деца. Нека ни е со среќа“.

Тој истакна дека иако не објавува често вакви снимки и фотографии, оваа ситуација е премногу претерана за да остане незабележана. “Ова не е само локален проблем, туку и проблем што влијае на целото општество и на нашиот ментален склоп. Без промена во свеста, нема да има промени во природата”, вели тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни