„Фото-графички експерименти“ изложба во Францускиот институт во Скопје

Овој заеднички проект, којшто ја прикажува симболичната врска помеѓу фотографијата и графиката како медиуми за визуелна естетика и раскажување приказни, беше создаден и премиерно прикажан на настанот „Отворено ателје“

Во четврток, 7 ноември 2024, во 18:00 часот во излогот на Францускиот институт во Скопје ќе биде отворена на изложбата „Фото-графички експерименти“.
Aвторки на изложбата се двете уметници Ана Трајковска и Јана Луловска.

Овој заеднички проект, којшто ја прикажува симболичната врска помеѓу фотографијата и графиката како медиуми за визуелна естетика и раскажување приказни, беше создаден и премиерно прикажан на настанот „Отворено ателје“ за време на нивната двомесечна уметничка резиденција во Cité internationale des arts во Париз.

„Фото-графички експерименти” е уметнички спој на фотографија, графика и инсталација и претставува омаж на суштината на Париз низ призмата на колаборативна уметност, која повикува на размислување за невидливите слоеви на градот, скриени под површината.

Станува збор за дела во кои, низ уникатен пристап, двете уметници ги истражуваат безвременските културно-историски знаменитости и архитектуртата на Париз, како спој на минатото и сегашноста.

Францускиот институт во Скопје има особена чест да ја прикаже оваа изложба по париската премиера, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од своето постоењето.

Изложбата ќе остане отворена во текот на наредните два месеца.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни