Во Градскиот парк во Скопје “Heineken”, најпознатото светско пиво, денес го прослави
својот 150 ти роденден со голема роденденска забава со 150 диџеи на неколку сцени во паркот.
Со овој настан “Heineken”, ја круниса својата глобална кампања, која го слави неговото богато наследство, но и неговата моќ да ги собере и обедини луѓето и да ги инспирира заедно да создадат радосни и незаборавни моменти…
Денес во Градскиот парк можевме да го видиме најдоброто од нашата клупска сцена и да бидеме дел од една прекрасна енергија и незаборавни искуства.
Во духот на својата роденденска кампања, Пивара Скопје и “Heineken” ги споија најдобрите локални диџеи, почнувајќи од пионерите и основоположници на електронската музика и клупската сцена, па сѐ до нови и млади имиња од новиот бран изведувачи и создaдоа незаборавни искуства за сите кои денес бевме во Градскиот парк.