Предложената Концепција за гимназиско образование од страна на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието е иновативна, но сепак има можност за подобрување бидејќи се отвораат значајни прашања за нејзината примена, вели Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени (ФОП).
,,Конкретно, во однос на изборните предмети што гимназијалците ќе може да ги изберат во трета и четврта година, ние од Форумот за образовни промени (ФОП) сметаме дека треба да се иницира една поширока дебата со наставници за да се надминат евидентните разлики. Да појаснам, образованието треба да се креира според потребите на ученикот што упатува на тоа дека тој треба да избере сам кои предмети му предизвикуваат интерес. За таа цел потребен дијалог меѓу институциите и засегнатите страни. Можноста за изборни предмети за ФОП е прифатлива и ја поддржува”, вели Ходаи.