Форум Театар „Врски и односи во адолесценција“

Овој театарски формат им овозможува на учесниците активно да се вклучат и да предложат решенија за реалните ситуации кои се појавуваат во контекст на здравствените, емоционалните и социјалните аспекти од сексуалното и репродуктивно здравје и права

На 14 октомври во Домот на културата Иван Мазов Климе во Кавадарци, во 18.30 часот, во организација на ХЕРА, ќе се одржи Форум Театар „Врски и односи во адолесценција.“

Форумот има за цел да отвори простор за интерактивна дискусија за предизвиците и придобивките од воведувањето на наставни содржини за подобар социјално-емоционален развој кај учениците и превенција од
насилство.

Овој театарски формат им овозможува на учесниците активно да се вклучат и да предложат решенија за реалните ситуации кои се појавуваат во контекст на здравствените, емоционалните и социјалните аспекти од сексуалното и репродуктивно здравје и права.

„Ве охрабруваме да земете учество и да ги споделите вашите идеи и искуства. Вашето присуство е од клучно значење за создавање на простор за дијалог, кој ќе придонесе кон градење на поинклузивна и информирана средина за сите“ велат од ХЕРА.

 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни