На 22 октомври во Центарот за иновации „Инокс“ (Плоштад „Македонија“) со почеток во18:00 часот ќе се одржи Форум Театар на тема „Врски и односи во адолесценција“, што се организира во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Северна Македонија.
Форум Театарот, има за цел да отвори простор за интерактивна дискусија за предизвиците и придобивките од воведувањето на наставни содржини за подобар социјално-емоционален развој кај учениците и превенција од насилство.
Овој театарски формат им овозможува на учесниците активно да се вклучат и да предложат решенија за реалните ситуации кои се појавуваат во контекст на здравствените, емоционалните и социјалните аспекти од сексуалното и репродуктивно здравје и права.
,,Ве охрабруваме да земете учество и да ги споделите вашите идеи и искуства. Вашето присуство е од клучно значење за создавање на простор за дијалог, кој ќе придонесе кон градење на поинклузивна и информирана средина за сите.Ве молиме да го потврдите вашето присуство најдоцна до 21.10.2024 на следната е-пошта: tanevska.marta@gmail.com. Со нетрпение очекуваме да се видиме и заедно да придонесеме за квалитетно образование и поголема информираност на младите” велат организаторите.