Starlink е подготвен за влез на пазарот на Босна и Херцеговина како провајдер на сателитски интернет, беше потврдено на состанокот на министерот за комуникации и транспорт, Един Форто, со Ребека Хантер, директорка на Starlink за проширување на нови пазари, и Пракула Капур, менаџер во таа компанија.
На состанокот беше истакнат заеднички интерес за што поскоро обезбедување на Starlink услуги, односно нивниот сателитски интернет во Босна и Херцеговина.
Состанокот се одржа во Вашингтон, во рамки на Пролетното заседание на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, а министерот Форто учествува во улога на заменик гувернер на БиХ во Светската банка – соопштено е од Министерството за транспорт и комуникации на БиХ.