Формула 1 го објави календарот за 2026 – за првпат улична трка во Мадрид

Славната патека Имола повеќе нема да биде на распоредот а на нејзино место во септември ќе се вози улична трка во Мадрид

Формула 1 денеска го објави распоредот на трки за следната 2026 година.

Во следната сезона ќе има 24 трки, првата ќе биде во Австралија на 8 март, а последната на 6 декември во Абу Даби.

Што се однесува до патеките каде ќе се вози од следната сезона ќе има голема промена.

Славната патека Имола повеќе нема да биде на распоредот а на нејзино место во септември ќе се вози улична трка во Мадрид .

„Годината 2026 означува нова ера за Формула 1, каде што ќе имаме сосема нов сет правила за спортот, автомобилите и моторите кои ќе користат 100 проценти одржливо гориво. Многу сме возбудени што го гледаме Мадрид во календарот за прв пат, како и што ги гледаме големите автомобилски брендови како влегуваат во Формула 1“, рече извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни