Креаторите на содржини, чии што канали се фокусирани околу Формула 1 започнуваа да ги менуваат своите имиња изминатите денови, а многумина не откриваат зошто. Причината веројатно е бидејќи тоа од нив го бара Ф1, кои испраќале барања до одредени креатори кои ги монетизирале своите канали, а го користеле брендингот на Формула 1.
Помеѓу таквите кои ги променија имињата е и Paddock Project (порано познат како F1r The Girls), поткаст за Ф1. Тие не објавија дека добиле писмо со закана од Ф1 кога ја најавија промената, а наместо тоа напишале дека новото име рефлектира кои се тие и на каде се движат.
Ф1 инфлуенсерот Микаела Костарас, која исто така го промени својот ник од shelovesf1 во shelovesvrooms сугерираше дека добила наредба за промена на името откако во коментари напиша дека постои причина зошто сите кои се поврзани со Ф1 на социјалните мрежи се ребрендираат.
Ф1 коментаторката Тони Кован-Браун изјави дека чул шпекулации за ваквите закани од Ф1 и дека тоа се случува во изминатите шест месеци. Таа додаде дека Формула 1 ги таргетира тие кои го користат Ф1 во нивниот брендинг и заработуваат од тоа, како и креаторите кои се претставуваат дека се поврзани со организацијата.
Кован-Браун вели дека ваквото однесување на Ф1 е сосема спротивно од тоа на НБА, кои не ги напаѓаат тие кои користат НБА содржини онлајн, дури и оние кои користат снимки од натпреварите. Комесарот на лигата, Адам Силвер изјави дека снимките се маркетинг.
Сепак, Формула 1 е особено агресивна во заштитата на својот брендинг. Тие еднаш испратиле и низа на писма до седумкратниот шампион, Луис Хамилтон за тој да не објавува снимки на неговите профили на социјалните мрежи. Откако Либерти медиа ја откупи Ф1 ги олесни малку правилата кои им забрануваа на возачите и тимовите да објавуваат снимки.
Извор: The Verge