Формирана Асоцијација на училишта во штрајк во Србија

Според некои податоци, повеќе од 7.000 лица моментално се во целосен прекин на наставата, додека некои 4.500 лица се во законски штрајк, но се верува дека тој број е значително поголем бидејќи секојдневно се јавуваат училишта буквално од сите краеви на Србија

Училишта кои штрајкуваат со целосно прекинување на наставата во девет градови и општини во Србија, формирале Асоцијација на училишта во штрајк и во наредниот период ќе делуваат заедно, независно од синдикалните организации, соопшти е Синдикатот на образованието во Чачак.

Според последните податоци, Асоцијацијата моментално опфаќа повеќе од 300 училишта кои се во штрајк, а Александар Виниќ од Синдикатот на образованието во Чачак вели за Euronews Србија дека Асоцијацијата е формирана поради незадоволството од актуелната ситуација, наведувајќи дека бројот на училишта кои се во штрајк е поголем од оној кој го соопштило Министерството за образование.

„По потпишувањето на спдоговорот од страна на претставниците на репрезентативните синдикати со Владата на Република Србија, голем број просветни работници останаа незадоволни од тие потпишани спогодби и училишта поединечно започнаа со целосен прекин на работата. Ние препознавме дека бројот на овие училишта е значително поголем од податоците што ги презентира министерството и целта на формирањето на асоцијацијата е практично да ги обединиме сите тие луѓе кои во моментот не се поврзани со синдикатите, било членови на синдикати или не, да обединиме што повеќе учители кои се во штрајк“, вели нашиот соговорник.

Прашан за кој број станува збор, тој вели дека до овој момент Асоцијацијата е приклучена од повеќе од 300 училишта од цела Србија.

„Според некои податоци што ги собравме вчера на терен, повеќе од 7.000 лица моментално се во целосен прекин на наставата, додека некои 4.500 лица се во законски штрајк. Верувам дека тој број е значително поголем бидејќи секојдневно се јавуваат училишта буквално од сите краеви на Србија“, додава тој.

Кои се барањата на асоцијацијата?


Говорејќи за барањата на асоцијацијата, Виниќ вели дека сè може да се сумира во четири барања.

„Првото барање е исполнување на сите оние барања кои ќе доведат до прекин на студентските протести. Второто барање, кое практично произлегува од првото, е гарантирање на безбедноста за сите во училишта, така што ќе се процесуираат сите оние кои направиле кривични дела поврзани со ученици, студенти, наставници. Третото барање се однесува на исполнување на обврските што Владата на Република Србија ги презела со потпишувањето на протоколот од октомври 2023 година, кој не е целосно реализиран. И последното барање е покренување на процедура за измени на Законот за средно и основно образование, Законот за штрајк со кој ќе се врати правото на просветните работници на штрајк со целосно прекинување на работата“, набројува тој.

Тој исто така вели дека е „јасно дека дел од родителите се загрижени“.

„Јас морам да ви кажам дека ние чувствуваме огромна поддршка од страна на родителите во овој момент да издржиме на овој пат. Сите се трудиме да најдеме решение што побрзо од оваа ситуација. Една од целите на формирањето на асоцијацијата е токму тоа, да се обединиме на едно место и да ја покажеме масовноста на нашето незадоволство и што побрзо да седнеме на маса и да најдеме решенија за да ја вратиме ситуацијата во училишта во нормала“, вели тој.

За крај, додава дека асоцијацијата во овој момент се води како неформално здружение.

„Нам се приклучуваат училишта од сите краеви на Србија, било да се синдикално организирани или не. Дали асоцијацијата ќе прерасне во нешто што ќе биде формално официјално здружение, тоа ќе покаже времето, односно ситуацијата ако има потреба за тоа“, заклучува Виниќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни