Форест Сити во Малезија се буди: жителите се враќаат во „градот на духовите“

Футуристичкиот проект вреден 100 милијарди евра полека оживува, откако нови жители и мали бизниси почнуваат да го населуваат „Горскиот град“.

Станбено-деловната населба Форест Сити („Горски град“) во Малезија последниве неколку години е прогласен за „град на духови“ којшто стои речиси празен и ненаселен, откако е изграден како нов проект. Сепак, некои луѓе решиле да се вселат и да ја заживеат населбата.

Кога една кинеска компанија инвестирала скоро 100 милијарди евра во новиот футуристички град во Малезија, веројатно не се очекувало дека тој ќе остане празен. Сепак, различни фактори влијаеле на тоа овој уникатен град да пропадне како проект. Пред сè, иако сè што е изградено е сè уште во добра состојба, се наведува дека е изградено само 15 отсто од планираното. Натаму, од крајот на 2019 година и потоа, корона-пандемијата сериозно влијае на бизнисот бидејќи границите се затворени, а потенцијалните нови жители веќе не можеа да патуваат до градот.

Сепак, благодарение на работата на тамошните агенти за недвижности, имотите во Форест Сити сега почнуваат по малку да се полнат. Така, еден пар за „ЦНА инсајдер“ (CNA Insider) ги објаснува своите причини за преселба во новиот град.

– Можам да добијам стан со две бањи тука за помалку од 2.000 рингит (околу 24.000 македонски денари, з.п.). Значи, (финансиски) подостапно е во споредба со другите места, раскажува Вафа Ајна Вахид, која неодамна тука изнајмила стан со својот сопруг.

– Повеќето во големите градови наплаќаат четирипати повеќе за мал стан којшто веројатно и не е во близина на базен, а не, пак да има базен и плажа зад аголот. Конечно, нема да морам да бидам во „врска на далечина“ со мојот сопруг. Затоа сум толку возбудена што се преселив тука. Тој може да патува тука секој ден, додаде новата жителка, која работела во Сингапур.

Новите жители почнаа и бизниси – еден од нив е 40-годишен Кинез кој си отворил поштенска служба, а друг основал компанија што нуди интернет услуги… Градот е сè уште во изградба и тешко е да се предвиди дали ќе го добие предвидениот облик, но Малезиската влада нуди разни поволности, обидувајќи се да го оживее.  

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни