Форд радикално ги намалува инвестициите во електрични возила – слаба побарувачка во САД

Форд најави радикално намалување на инвестициите во електрични возила, отпис од 19,5 милијарди долари и фокус на хибриди.
форд

Американскиот производител на автомобили Форд најави радикално намалување на инвестициите во електрични возила и отпис на средства во износ од 19,5 милијарди долари, што претставува еден од најдраматичните примери на повлекување на автоиндустријата од програмите за возила на батерии.

Отписот од 19,5 милијарди долари претставува признание за загуба на вредноста на инвестициите во електрични возила, кои повеќе не се покажале како исплатливи.

Компанијата одлучи да го укине производството на моделот F-150 Lightning EV, електричниот камион T3, како и електричните комерцијални комбиња. Воедно, е раскината и заедничката соработка за производство на батерии со јужнокорејската компанија SK On.

Наместо тоа, Форд ќе се насочи кон развој на хибриди со продолжен електричен опсег (EREV), кои користат бензински генератор за полнење на батеријата, како и кон поголем фокус на класични хибриди и возила на бензин, пренесува Ројтерс.

Новата стратегија предвидува дека до 2030 година уделот на хибриди, EREV и електрични возила ќе достигне 50 проценти од глобалната продажба на компанијата, што претставува значителен раст во однос на сегашните 17 проценти.

Промената на стратегијата доаѓа како одговор на намалената побарувачка за електрични возила во САД, делумно поради политиките на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, кои ги намалија субвенциите и ги ублажија стандардите за емисии на издувни гасови.

Во ноември, продажбата на електрични возила во САД, по истекот на даночната олесница од 7.500 долари по возило, паднала за околу 40 проценти на годишно ниво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни