„Романците масовно излегоа на гласање. Тие избраа иднина на отворена и просперитетна Романија во силна Европа“, напиша фон дер Лајен на платформата Икс (X).
Проевропски ориентираниот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, победи во вториот круг од претседателските избори, според речиси конечните резултати. По преброени над 90% од гласовите, тој освои околу 54%, додека неговиот противкандидат, лидерот на крајно-десничарската партија AUR, Џорџе Симион, доби 46%.