Фон дер Лајен: Опцијата за соборување на авионите кои влегуваат во воздушниот простор на НАТО „е на маса“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави денес дека опцијата за соборување на борбените авиони кои влегуваат во воздушниот простор на НАТО „е на маса“.
Фото: Renew Europe/Flickr

Нејзиниот коментар следи откако Русија беше обвинета дека неколку пати во текот на овој месец нејзините авиони влегле во воздушниот простор на земјите членки на НАТО, вклучувајќи ја Полска, Романија и Естонија.

„Мое мислење е дека мора да го браниме секој квадратен сантиметар од територијата. Тоа значи дека ако дојде до упад во воздушниот простор и по предупредувањето, откако јасно ќе бидеме комуницирале, наравно дека опцијата за соборување на авион кој го нарушил нашиот воздушен простор е на стол“, изјави Фон дер Лајен за CNN, пренесува Политико.

Претседателката на Европската комисија ја повтори она што го рече претседателот на САД, Доналд Трамп, на маргините на Генералната скупштина на ОН во вторник, кога одговори потврдно на прашањето дали земјите на НАТО треба да соборуваат руски авион во нивниот воздушен простор.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни