Фон дер Лајен и европски лидери во Вашингтон: Состанок со Зеленски и Трамп за Украина

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и други европски лидери ќе се сретнат во понеделник во Белата куќа со украинскиот претседател Зеленски и американскиот претседател Трамп, во обид за напредок во мировните преговори со Русија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес најави дека таа и неколку европски лидери ќе отпатуваат за Вашингтон, каде што во понеделник ќе присуствуваат на состанок во Белата куќа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателот на САД, Доналд Трамп.

„На барање на претседателот Зеленски, ќе учествувам на состанокот со претседателот Трамп и други европски лидери утре во Белата куќа“, напиша таа на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).

По ова, и германскиот канцелар Фридрих Мерц, како и финскиот претседател Александар Штуб, го потврдија своето присуство во Вашингтон во понеделник.

Претседателката на Европската комисија исто така најави дека Володимир Зеленски денес попладне ќе биде во Брисел преку видео-конференција со европските сојузници на Украина, во рамките на „коалицијата на подготвените“ држави, со цел подготовка на следните чекори во мировните преговори за Украина, по средбата на Доналд Трамп и Владимир Путин која се одржа во петокот на Алјаска, САД.

Се очекува сојузниците на Украина денес да разговараат за безбедносни гаранции кои би ѝ се понудиле на Украина како дел од можен мировен договор. Според изјави на дипломати, исто така ќе се разгледуваат и можни контури на договорот меѓу Украина и Русија.

По средбата со рускиот претседател во петокот, Трамп изјави дека неговите напори сега се насочени кон развој на мировен договор за завршување на војната, без барање за прекин на огнот.

„Коалицијата на подготвените“ вклучува повеќето главни европски држави, ЕУ, НАТО и воневропски држави како Канада.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни