Фон дер Лајен повика на зајакнување на европската заемна одбрана

Урсула фон дер Лајен на Минхенската конференција повика на оживување на клаузулата за заемна одбрана на ЕУ – член 42(7).

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од говорницата на 62-та Минхенска безбедносна конференција во Минхен, порача дека е време Европската Унија повторно сериозно да ја активира и политички да ја зајакне клаузулата за заемна одбрана.

„Верувам дека дојде време да се оживее клаузулата за заемна одбрана на Европа. Заемната одбрана не е опционална за ЕУ – таа е обврска во рамките на нашиот сопствен договор: член 42(7). Обврската ‘еден за сите и сите за еден’ има тежина само ако е изградена врз доверба и способност“, истакна Фон дер Лајен.

Нејзината изјава следува по настапот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој во својот воведен говор ја нагласи потребата Европската Унија да го „појасни“ значењето и практичната примена на членот 42(7) од Договорот за ЕУ.

Според оваа одредба, во случај на вооружен напад врз една земја-членка, сите останати имаат обврска да ѝ пружат помош и поддршка „со сите средства што се во нивна моќ“. Досега клаузулата е активирана само еднаш – од Франција, по терористичките напади во Париз во 2015 година.

Изјавите во Минхен доаѓаат во контекст на зголемени безбедносни предизвици во Европа и дебати за поголема стратегиска автономија на Унијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни