Фон дер Лајен: Не можеме да толерираме нарушување на европскиот воздушен простор

Претседателката на Европската комисија ја нарече појавата на балони над Литванија „провокација и хибридна закана“, повикувајќи на поголема одбранбена подготвеност на ЕУ.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Европската унија „не може да толерира“ никакво нарушување на својот воздушен простор, откако балони неидентификувано потекло беа забележани над Литванија во текот на викендот.

Како што пренесува The Guardian, фон дер Лајен оцени дека станува збор за „провокација и хибридна закана“ насочена кон членките на Европската унија, изразувајќи целосна солидарност со Литванија.

„Сакам да ја изразам мојата целосна солидарност со литванските власти. Ова е провокација, хибридна закана што не можеме да ја толерираме“, изјави таа на прес-конференција во Брисел.

Фон дер Лајен додаде дека инцидентот потврдува колку е важно ЕУ да ја зајакне својата одбранбена подготвеност и инвестициите во воена опрема, вклучително и дронови. „Нема да дозволиме ниту еден упад во нашиот воздушен простор или на нашата територија,“ порача таа, заклучувајќи ја конференцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни