Претседателката на Европската комисија денеска изјави дека ЕУ стои зад народот на Венецуела и дека поддржува мирна и демократска транзиција.
„Ние стоиме зад народот на Венецуела и поддржуваме мирна и демократска транзиција. Секое решение мора да го почитува меѓународното право и Повелбата на ОН“, рече фон дер Лајен на социјалната мрежа X.
Таа додаде дека ЕУ внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела и им порача на граѓаните на ЕУ во таа земја дека можат да сметаат на целосна поддршка од европските институции.
Американска воена интервенција во Венецуела
САД извршија напади врз Венецуела , а претседателот Доналд Трамп објави дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга се уапсени и протерани од земјата.
Американските сили извршија напад од големи размери, а операцијата за апсење на Мадуро ја спроведе елитната специјална единица на американската армија, Делта Форс.