Фон дер Лајен: Романците гласаа за силна Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му честиташе на Никушор Дан за победата на претседателските избори во Романија, истакнувајќи дека граѓаните го избрале патот на „силна и просперитетна Европа“.

„Романците масовно излегоа на гласање. Тие избраа иднина на отворена и просперитетна Романија во силна Европа“, напиша фон дер Лајен на платформата Икс (X).

Проевропски ориентираниот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, победи во вториот круг од претседателските избори, според речиси конечните резултати. По преброени над 90% од гласовите, тој освои околу 54%, додека неговиот противкандидат, лидерот на крајно-десничарската партија AUR, Џорџе Симион, доби 46%.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни