Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повика унгарските власти да ја преиспитаат забраната за Парадата на гордоста закажана за сабота во Будимпешта и да се откажат од евентуалното казнување на учесниците.
„Парадата на гордоста мора да се одржи без страв од кривично или административно гонење, ниту за организаторите ниту за учесниците“, изјави Фон дер Лајен на мрежата X.
Таа, исто така, истакна дека „секогаш ќе биде сојузник на ЛГБТИК+ заедницата во Унгарија и насекаде во Европа“.
Во меѓувреме, полицијата во Будимпешта го забрани собирот, додека градоначалникот на унгарската престолнина Гергел Карачоњ, противник на десничарската влада на Виктор Орбан, дозволи Парадата на гордоста да се одржи.
Унгарскиот министер за правда Бенце Тукон испрати писмо до амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, во кое наведува дека ниту тие ниту нивните соработници не треба да присуствуваат на настанот, објаснувајќи дека „Парадот на гордоста е забранет собир“.
И покрај забраната – се очекува голем одѕив
И покрај забраната, бројни европски пратеници го најавија своето пристигнување во Будимпешта и учество на Парадата на гордоста во сабота.
Организаторите предвидуваат дека овогодинешната Парада на гордоста ќе има рекорден број учесници, без оглед на противењето на властите.
Премиерот Виктор Орбан претходно ги повика организаторите „да не губат време и пари“, бидејќи владата планира законски измени што би можеле трајно да ја забранат Парадата на гордоста, наводно за да „ги заштитат децата“.
Иако забраната формално стапи на сила на 19 јуни, либералниот градоначалник на Будимпешта инсистира дека митингот сепак ќе се одржи, нагласувајќи дека станува збор за локален настан за кој не е потребна посебна дозвола од властите.
Официјалните институции предлагаат состанокот да се одржи во затворен простор, како што е стадион или хиподром, за да биде подалеку од дофат на малолетници.
I call on the Hungarian authorities to allow the Budapest Pride to go ahead.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) June 25, 2025
Without fear of any criminal or administrative sanctions against the organisers or participants.
To the LGBTIQ+ community in Hungary and beyond:
I will always be your ally. pic.twitter.com/Wz0GBFRz8C