Каривурст е култна улична храна во Германија – колбас со посебен кечап и многу кари. Кромидот и помфритот одлично одат со него во пар.
Каривурст е подеднакво легендарен и во работничките мензи на автомобилскиот гигант Фолксваген, поради што не е ни чудо што Фолксваген одамна почна да продава колбаси во супермаркетите.
Сепак, веста звучи бизарно – Фолксваген продаде повеќе колбаси од автомобили минатата година. Ова зборува за популарноста на нивниот каривурст, но и за кризата на германската автомобилска индустрија.
Како што е соопштено, минатата година компанијата со седиште во Волфсбург продала 8,5 милиони порции колбаси во триесетина кантини и киосци, како и во супермаркети. Тоа е околу двесте илјади повеќе отколку во 2023 година, која исто така беше рекордна година.
Во исто време, минатата година се продадени само 5,2 милиони возила со логото на Фолксваген.