Компанијата од Волфсбург, преку интерно известување, ја информирала својата работна сила дека е подготвена брзо да реагира ако состојбата се влоши.
Според информации објавени во германскиот весник Bild, Volkswagen веќе започнал преговори со германската агенција за труд за можноста за воведување на скратено работно време, што би влијаело на десетици илјади вработени низ фабриките на концернот.
Главниот проблем произлегува од ситуацијата во холандската компанија Nexperia, која е во сопственост на кинеска фирма и се најде во центарот на трговскиот конфликт меѓу Кина и САД. Овие напнатости можат да предизвикаат сериозни нарушувања во испораките на електронските контролни единици што ги користи Volkswagen.
Здруженијата на европските и германските производители на автомобили веќе упатија предупредувања за потенцијални прекини во производството и повикаа на интервенција од страна на властите за да се обезбедат стабилни и сигурни снабдувања.
Извор: Независен