Фолксваген и Порше повлекоа повеќе од 500.000 возила во САД поради дефект на задната камера

Станува збор за одредени модели произведени во периодот од 2019 до 2026 година, а овластените сервиси ќе извршат бесплатно ажурирање на софтверот.

Германскиот производител на автомобили Фолксваген и неговата луксузна подружница Порше најавија повлекување (опозив) на вкупно повеќе од 500.000 возила во Соединетите Американски Држави поради софтверски проблем кој може да оневозможи правилен приказ на сликата од задната камера, соопшти Американската национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатите (NHTSA).

Според наводите на регулаторот, американската групација на Фолксваген, во која е вклучен и брендот Ауди, ќе мора да повлече 356.649 возила поради наведената софтверска грешка, пренесува Ројтерс.

Станува збор за одредени модели произведени во периодот од 2019 до 2026 година, а овластените сервиси ќе извршат бесплатно ажурирање на софтверот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни