„Фолклорно-класична симбиоза“ на Националната опера и балет и „Танец“

Музичко-сценскиот спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на Националните установи Националната опера и балет и ансмблот за народни игри и ора „Танец“ ќе се одржи вечер од 21 часот на сцената на НОБ.

Од Националната опера и балет информираат дека на сцената ќе има повеќе од 130 учесници во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на Танец. 

Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ „Танец“, заедно со оркестарот и хорот на НУ Национална опера и балет.

„Фолклорно-класична симбиоза е замислен како музичка фузија на две различни традиции – класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски, истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на Танец“, велат од НОБ. 

Извор: mia.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни