Најголемиот европски производител на автомобили, Волксваген, го отвори своето прво големо постројување за складирање енергија, како дел од својата енергетска подружница Elli, со цел да најде нови извори на приходи во услови на успорена побарувачка за електрични возила.
Системот може да снабдува околу 20.000 домаќинства со електрична енергија во период од два часа и е поврзан со националната мрежа, а ќе се користи и за трговија со енергија на европската берза EPEX SPOT. За тоа се користат батериски клетки од Volkswagen-овиот оддел PowerCo, кој претходно планираше седум фабрики за батерии, но ја намали својата амбиција за фабриката во Салцгитер на 20 GWh годишно.
Промена на стратегијата
Главниот извршен директор, Оливер Блумe, изјави дека складирањето и трговијата со енергија претставуваат ново стратегиско поле со голем потенцијал за раст. Иако Volkswagen го намали капацитетот и инвестициите во PowerCo, компанијата сепак планира до 2030 година да има три фабрики во Германија, Шпанија и Канада со капацитет до 200 GWh, зависно од условите на пазарот.
Оваа иницијатива е одговор на успорениот раст на продажбата на електрични возила и големата побарувачка за складирање енергија од податоцни центри и обновливи извори на енергија.