Фолксваген ќе укине повеќе од 35.000 работни места

Најголемиот европски производител на автомобили, Фолксваген (Volkswagen), ќе укине повеќе од 35.000 работни места во Германија до 2030. година со цел да ги намали трошоците, а истовремено ќе избегне затворање фабрики и отпуштања. Ова е дел од договорот потпишан вчера кој има обид да ја спаси компанијата во криза.

Договорот предвидува „социјално прифатливо намалување на работната сила“ од повеќе од 35.000 луѓе во фабриките на Фолксваген во Германија до 2030. година, или 29 проценти од вкупната работна сила, се наведува во соопштението.

Овие заминувања нема да бидат принудени, а особено ќе се однесуваат на пензионирања кои нема да бидат заменети.

Фолксваген се надева дека со овој договор ќе постигне заштеда од околу четири милијарди евра во среднорочен период.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни