„Достивнуањето 50 е огромна пресвртница, не само за Шиба, туку и за сите кои биле дел од нејзиното патување“, рече Тамара Купер, куратор на Засолништето за фоки во Југозападна Англија.
Работите не изгледале добро за Шиба кога била спасена како младенче од плажа во Корнвол во септември 1974 година.
Долго пред да го основа Засолништето, Кен Џонс ја нашол Шиба со повреда на главата и инфекција на окото и ја однел дома каде што тој и неговата сопруга Мери ги рехабилитирале фоките во базенот.
Како што растела Шиба, тие ја преселија од дворот на Џонс во реката Хелфорд во селото Гвик, и продолжиле со активности за рехабилитација на повеќе од 70 младенчиња годишно.
Здравствената состојба на Шиби, вклучително и губењето на видот, ја спречиле да се врати во морето, но таа ги надживеа сите други и стана омилена во засолништето.
Долговечноста на Шиба се припишува на грижата што ја добива и напредокот во ветеринарната медицина.
Фоките во дивината обично живеат од 25 до 30 години, рече Купер. Женките живеат до 40 години во заробеништво, но мажјаците не повеќе од 30.
Извор: Н1